Крвава драма во Италија - полицаец застрела градоначалник

Италијански сообраќаен полицаец е обвинет дека застрелал и тешко ги рaнил градоначалникот на гратчето Кардано ал Кампо и неговиот заменик.

Се работи за 60-годишниот Џузепе Даниеле Пегораро, кој бил осуден за измама и злоупотреба порадишто бил и суспендиран од работа, па токму затоа побеснел и го застрелал градоначалникот.

Револтиран од таквата одлука на локалните власти Пегораро вооружен упаднал во општинската зграда и ја застрелал 49-годишната градоначалничка Лаура Прати и нејзиниот 76-годишен заменик. .Сообраќаецот фрлал и гасни бомби и пукал врз вработените додека се обидувал да избега. Тој го сокрил пиштолот и ловџиската пушка во својот автомобил, како и големо количество на муниција.

Градоначалниците веднаш биле пренесени во болница. Здравствената состојба им е тешка, но се надвор од животна опасност.

ФОТО: Максим

најчитано сега