Седници на три собраниски комисии

Денеска во македонското Собрание седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Законодавно-правната комисија.  

На днeвниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка во второ читање и Граѓанската иницијатива за донесување на закон за дополнување на Законот за животната средина.

Членовите на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе расправаат за Предлог извештајот за работата на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на Собранието на Република Македонија во 2012 година и ќе ги разгледаат Извештајот за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2012 година, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за разузнавање во 2012 година и Програмата за работа за 2013 година на Агенцијата за разузнавање.

Законодавно-правната комисија на деневен ред ги има предлог-законите за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, за изменување и дополнување на Законот за државната статистика и на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, трите во второ читање, како и Граѓанската иницијатива за донесување на закон за дополнување на Законот за животна средина.

најчитано сега