Грчките медиуми: Новиот албански Парламент има „грчка боја“

 

Новиот албански законодавен дом исто така има „грчка боја“, бидејќи од 140 пратеници шестмина се Грци, пренесуваат албанските медиуми напис на грчки весници.

- Освен лидерот на партијата на Грците, Дуле, на списокот на „грчки“ пратеници е и Вангел Таво, поранешен потпретседател на албанскиот Парламент и екс минитер за здравство, кој е член на Социјалистичкото движење за  интеграција на Илир Мета. Таво е избран за пратеник во Ѓирокастро, стои во написот што го пренсуваат албанските медиуми.

На списокот на „грчки“ пратеници во албанскиот Парламент се и Андреа Марто, лидер на дрвижењето „Омонија“ и Луиза Џувани, избрани во Валона, потоа Анастас Ангели, екс-министер за финансии во Владата на Фатос Нано избран во Корча и Василика Хиси од Тирана. Четворица се избрани како кандидати на Социјалистичката партија.

ФОТО: Дневник

најчитано сега