Вучиќ: Српската Влада ќе биде реконструирана до 27 јули

Најдоцна до 27 јули ќе биде извршена голема реконструкција на Владата на Србија, соопшти синоќа српскиот прв заменик-премиер и министер за одбрана Александар Вучиќ.

- Очекувам најдоцна до 27 јули, кога се навршува една година од изброт на Владата, да биде извршена реконструкција, изјави Вучиќ.

Тој при тоа посочи дека на „европскиот пат“ Србија ќе се соочи со многу потешкотии и дека ќе треба многу да се работи.

- Нема Британците и Германците да работат, додека Србите одмараат, потенцира Вучиќ, додавајќи дека е потребна промена на „провинцискиот менталитет“ и дека народот треба да престане да се плаши од промени. 

најчитано сега