Шефот на романската дипломатија денеска во Македонија

 

На покана од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска во официјална посета на Република Македонија ќе престојува шефот на дипломатијата на Романија, Титус Корлацеан.

Од МНР информираат дека Попоски и Корлацеан ќе разменат мислења за билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји, за можностите за натамошен развој, како и за заедничка соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.

Двајцата министри ќе потпишат и договор за соработка во областа на образованието, науката и културата, масовните медиуми и спортот.

Министерот Корлацеан ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

најчитано сега