Пеколот напрви проблеми: Изгаснат пожарот во кумановско

Пожарот во близина на липковско Слупчане е изгаснат утрово, околу 4.30 часот, соопштија денеска, од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Оттаму информираат дека на таа локација во моментов  дежурна е епипа од подрачната единица на „Македонски шуми“.
 
- Пожарот во Слупчане беше изгаснат во 19.45 часот, но, подоцна повторно се активира и во неговото гасење учествуваа екипи на ТППЕ Куманово, Дирекција за заштита и спасување, екипа на ЈП „Македонски шуми“ и дел од месното население, изјави Горан Стојановски, раководител на РЦУК Куманово.
 
Според првичните согледувања на надлежните во овој пожар зафатена била површина од околу 20-тина хектари.
 
Во текот на вчерашниот ден пожарот во боровата шума во Слупчане во три наврати се разгорувал. Прв пат била зафатена површина од 3.000 метри квадратни. Четворица пожарникари од Куманово со едно противпожарно возило успеале да го изгасат пожарот со која била зафатена сува трева на ниско стеблеста и борова шума во периодот од 08:55 до 12:50  часот. На истата локација, повторно се разгорел пожар и поради непристапен терен на самото место отежнато било гасењето. Освен пожарникарите од Куманово во интервенцијата учествувале екипи и на „Македонски шуми“. Пожарот тогаш бил изгаснат во 19:45 часот.
 
Во текот на вчерашниот ден пожарникарите интервенирале и на запалено стрниште, сува трева, стари лојза и мал дел дабова шума во близина на Матејче. На тој пожар кој траел неполн час од 14:35 до 15:20 интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило, вработените во Полициска станица Матејче и вработени од „Македонски шуми“.
 
Кумановските пожарникари вчера интервенирале и во урбана средина. Во текот на вчерашниот ден по еден час пожарникарите гаселе сува трева на две различни локации, утрото на локалитетот Спомен Костурница, а попладнето во поранешниот Дом на АРМ. 
 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега