Дебитант во НФЛ успеа да трча со брзина од 40 километри на час

Дваесет и двет годишниот Роберт Гил за време на подготовките на НФЛ лигата успеал да истрча неверојатни 40 километри на час, нешто побавно од најбрзиот човек на планетавата Јусејн Болт. 

Гил досега нема играно рагби професионално, но откако ја забележаа оваа неверојатна брзина, челниците на „Аризона Кардиналс“ веднаш потпишаа со младиот талент тригодишен договор. 

Гил со тоа е најбрзиот тркач во НФЛ, а на страницта на клубот каде е објавено неговот видео, се наведува дека дека Јусејн Болт во слични услови бил само млаку побрз постигнувајќи брзина од 43 километри на час.

Видеото на брзо време постигна голема популарност на „ЈуТјуб“ и досега има над еден милион прегледи.

најчитано сега