Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ преживеа тешка сообраќајка

Победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ Харис Берковиќ преживеал тешка сообраќајна несреќа.

Харис пред десет години, тргнал да си купи слики, па на него со голема брзина налетал возач, кој толку силно го удрил што пејачот летал неколку метри.

Пејачот до ден денес има трауми поради ударот кој го добил во основно училиште, пишува српски „Курир“.

„Тоа беше најлошо животно искуство кое го имав. И ден денес се сеќавам на тој ден како да било вчера. Несреќата се случила во близина на моја куќа кога излегов до продавница да купам сликички за албум. Кон мене со голема брзина налета возач кој ме удри толку силно што излетав неколку метри. Кога ме виде мајка ми како лежам, не можеше да престане да плаче“, раскажува Харис и додава дека за среќа докторите му го спасиле животот.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега