Николиќ: Бундестагот и постави на Србија тешки услови за влез во ЕУ

 

Бундестагот постави тешки услови кои Србија би требало да ги исполни за да стане членка на ЕУ, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за ХРТ, според кој барањата се базираат на фактот дека Германија ја признава независноста на Косово.

- Меѓутоа, Србија не ја призна. Постојат услови кои Белград не може да ги исполни, освен доколку не се случи нешто што би овозможило Србија и таа т.н. држава Косово еден ден да бидат две држави. Во овие услови, при ваков однос на силите, тоа е аполутно невозможно - изјави Николиќ. 

- ЕУ како организација во секој свој извештај и во разговорите со нас истакнува дека тие не се мешаат во тоа, дека се статусно неутрални и дека не бараат да ја признаеме независноста на Косово - потенцира Николиќ во интервјуто за ХРТ дадено за време на неговата посета на Загреб, на прославата по повод приемот на Хрватска во ЕУ.

најчитано сега