Американец си вградил слушалки во ушите
Американецот Рич Ли хируршки си вградил слушалки во своите уши за да може постојано да си слуша музика.
Инаку, аудио сигналот се емитува преку жица која тој си ја носи околу вратот и се создава магнетно поле кое прави имплантот да вибрира и така да произведе звук.
- Планирам да се приклучам на безжичен систем и на разни сензори и мерачи со чија помош на пример ќе можам да ја почуствувам топлината на предметите без да ги допрам, вели Рич.
- Планирам да сивградам и микрофот кој би стоел на пример во копче од кошула и така да можам да слушнам разговори кои ме интересираат од околината, додава Американецот.