Сноуден го повлече барањето за азил во Русија

 

Поранешниот ИТ техничар во ЦИА и во НСА Едвард Сноуден го повлече барањето за азил во Русија,соопшено е во Москва.

Претставник на Кремљ изјави дека Американецот се одлучил на еден ваков чекор откако рускиот претседател Владимир Путин вчера го услови останувањето на Сноуден на руската територија со престанување на неговата антиамериканска активност.

Сноуден побегна од САД откако обелодени дека американските безбедфносни служби ги надгледуваат телефонските и интернет комуникации.На 23 јуни тој од Хонг Конг побегна во Москва,каде се уште се наоѓа во трансфер зоната на аеродормот Шереметјево.

најчитано сега