Дарко Велковски на мета на Интер

Поранешниот италијански шампион Интер сериозно се интересира за услугите на деветнаесет годишниот македонски репрезентативец Дарко Велковски, пренесува порталот www.magazineinter.it  кој е близок до големиот италијански и европски клуб. За Велковски веќе скаутите проценуваат дека може да ја достигне величината на еден Андреа Пирло. 

- Велковски е играч од средниот ред кој може да покрива различни улоги и има извонреден преглед на играта. Тој ќе биде новиот Пирло, стои на италијанскиот портал.

Според порталот, Интер би можел да одвои и сума од три милиони евра за ангажирање на талентираниот Македонец. 

Покрај Интер за него интерес покажал и португалскиот тим Бенфика како и тимот од Бундеслигата Волсбург.