Од утре нов систем за наплата и следење на автобусите во јавниот превоз во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие- Скопје Игор Јанушев и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, утре ќе го промовираат проектот за воведување систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.

Раководството на ЈСП и градските власти очекуваат со примената на системот да се подобри квалитетот на превозот и да се зголеми бројот на патници.

Најавуваат дека ќе се решат клучните проблеми  во јавниот превоз со наплатата, контролата на движењето на автобусите и запазувањето на возниот ред, а предност за патниците ќе биде воведувањето еден билет кој ќе важи и во автобусите на ЈСП и кај приватните превозници.

Ќе се овозможи наплата на билет со картички и со мобилен телефон.

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега