Топлото време ја наполни Македонија со туристи

Топлото време и убавините на Македонија ја наполнија земјава со туристи. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, бројот на туристи во мај е зголемен за 7,4 проценти во споредба со тој месец минатата година, а бројот на ноќевањата е намален за 0,1 процент, со што месецот се регистрирани 82.084 туристи, а бројот на ноќевањата изнесува 170.943.

Исто така, податоците покажуваат дека зголемување за 12,6 проценти има кај странските туристи, како и кај бројот на нивните ноќевања кои се зголемени за 5,8 отсто. Бројот на домашните туристи е намален за 2,8 проценти, а намалување за 9,2 проценти има и кај бројот на ноќевањата, додека од друга страна, зголемување на бројот на туристи и на ноќевања има и во периодот јануари - мај во однос на истиот период лани. За 17 проценти е зголемен бројот на странските туристи, а за 6 отсто намален бројот на домашните туристи. Кај ноќевањата за 10,6 проценти се зголемени ноќевањата на странските туристи, а за 9,9 проценти намалени кај домашните туристи. 

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега