Овој коментар го разбесни Тони Цетински

Тони Цетински неодамна се пофали на социјалните мрежи дека на неговиот син за 18 роденден му подари гитара.

Кога ја постира фотографијата на Facebook, му стигна толку непријатен коментар, што пејачот мораше да возврати.

Некоја Сузана му напиша за фотографијата:

„Мојот син 18 роденден го прослави на покривот додавајќи му ќерамиди на татко му. Тони го сакам, но да се појави на 18 години „тато“ со нова гитара, ало?! Само се надевам дека Џуниор нема да посегне по дрога и алкохол. Респект за мајката“, напиша таа, а Тони на тој дрзок коментар возврати:

„Тотално погрешно. Кој кажува дека дури сега се појавив. Грозни сте. Да се засрамите со тие злобни коментари. Само запомнав што добро сака детето и го изненадив. Навистина не ги разбирам паметните луѓе кои робуваат сами со својот лажен морал“, и возврати пејачот.

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега