За две недели капење во скопскиот Аква Парк - билетот 300 денари

На 15-ти месецов, свечено ќе биде отворен модерен аква-парк со десет тобогани, мрзлива река и „ноќни ефекти“, лоциран зад хотелот „Александар Палас“.

Паркот се постила на 12 илјади метри квадратни и вреди 4,2 милиони евра. Скопјани ќе можат да се забавуваат на „Турбуленс“, спејс-боул, мултисајд и многу други изненадувања кои тој ќе ги содржи.

Директорот на салата „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, вели дека аква-паркот се очекува да биде голема туристичка атракција, но и рекреација за скопјани. Освен за возрасните, забава ќе се обезбеди и за најмалите за кои се подготвува „детски свет“ со содржини од „Пиратите од Карибите“. Аква-паркот ќе работи во две смени од 11 до 17 часот и од 18 часот до полноќ.

Дневен билет за аква-паркот ќе чини 300 денари. Цената на семејниот билет ќе биде 1.000 денари.

 

најчитано сега