Ќе ве разнежни: Ноле остави емотивна порака за својата сопруга

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и остави на својата сопруга Јелена, романтична порака.

По повод годишнината од бракот Ноле, кој се пласира во финалето на Вимблдон, и остави романтична порака на својата сопруга Јелена на својот Facebook профил.

„Вечерва имам многу причини за славење. Сепак најважна е првата годишнина од бракот. Една година сме во брак и 10 години заедно мојата љубов и јас. Старееме заедно“, напиша Ноле на Facebook.

Инаку Ѓоковиќ, утре ќе се бори против Федерер за својот трет трофеј на Вимблдон.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега