По овие навики вашиот маж никогаш нема да ве остави за друга

Згодните жени немаат изговори кога е во прашање одржувањето на телото и здравјето, па ако сакате да изгледате убаво, еве ги навиките на згодните жени:

1. Вера и баланс

Треба да знаете секогаш дека резултатите не се постигнуваат преку ноќ. Ако сакате да изгледате здраво и фит, земете крем против целулит, тренирајте колку што можете почесто и имајте предвид дека 2-3 месеци се краток период за совршено тело.

2. Планирајте ги тренинзите и следете го напредокот

Физичката активност е многу важна ако сакате да имате згодно тело. Меѓутоа нема да имате ефекти ако вежбате два пати месечно. Здравите и фит жени секогаш имаат време за тренинг и се хранат здраво.

3. Постојано грицкајте

Грицкањето е пожелно ако сакате да бидете во добра кондиција. Притоа не се мисли на чипс или кекси, туку на јаткасти плодови.

4. Згодната жена шета кога може

Згодните жени и покрај напорниот тренинг секогаш наоѓаат време и да прошетаат. Тоа се мисли на избегнување на лифтови, одење пешки или со велосипед на работа, а некогаш и планинарење, наместо кафе со пријателките.

5. Таа внимава како ќе и започне денот

Сигурно сте слушнале дека доручекот е најважен оброк и овој совет не е мит. Квалитетниот доручек ви дава енергија за целиот ден, а пожелно е да одберете јаглехидрати, овошје или интегрални житарки со јогурт.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега