Да драга - реченицата поради која се распаѓаат врските и браковите
Мажите користат најразлични начини за да ги спречат кавгите со девојките или сопругите, но според најновите истражувања се покажува дека токму буткањето на нештата 'под тепих' и неискреноста се главни причинители за распаѓањето на бракот и врските.
Според истражувањето спроведено на 44 хетеросексуални двојки направено во Велика Британија, се покажува дека реченицата Да драга и климањето со глава се главните реченици поради која пропаѓаат врските и браковите.
Водачот на истражувањето, Нил Варнер Нели, вели дека токму неискреноста и пасивното агресивно однесување можат на една врска или брак да и влијаат како лавина. Жените не сакаат неискрени одговори, а најважното нешто за една врска да трае е искреноста.
Па затоа мажи, ако не се согласувате за нешто со своите дами, слободно кажете им го тоа.