Момчињата повеќе нема да имаат предност во наследувањето на британскиот трон
Горниот дом на британскиот парламент го усвои законот кој ќе биде наметнат како вековна пракса во Британија, според која момчињата веќе ќе немаат предност во однос на девојчињата во наследувањето на тронот, нешто кое што сега останува да го одобри и крализата Елизабета Втора.
Ваквата промена значи дека ако прицнот Вилијам и принцезата Кејт најпрвин добијат ќерка, таа ќе стане кралица, и нејзиниот помлад брат нема да може да го скокне редот да седне место неа на тронот. Ваквиот закон исто така овозможува на наследникот на тронот да може да се венча со припадник на католичката вера, иако на католиците ќе им биде забрането да го наследат тронот. Законот кој брзо мина низ парламентот, е усвоен вчера во горниот дом на парламентот, по третото и последно читање. Овој закон датира од 1701 година.