Работник пуштил порно-филм на видео-бим
Работник за одржување на видео бимови ги изненадил случајните минувачи во Кина кога на железничка станица им пуштил порно-филм. Всушност човекот гледал порно-филмови на работно место, но заборавил дека го поврзал лап-топот со видео бимот, па така цела кина гледала филм за возрасни.
Работникот кој е именуван само како Жуан требало да го поправи екранот на видео бимот но малку си се занел, си пуштил порно-филм, па со него ја 'нагостил' и јавноста во Кина.
Стотици лица стоеле и вчудоневидено гледале кон она што се прикажува на екранот.
Сега за ова што го направил работникот може да биде осуден и на две години затвор.