„Славко Јаневски озборувал а не кодошел“

„Починатиот академик Славко Јаневски ги озборвал своите колеги и давал вредносни судови за нив. Тоа е како јас да кажам кој е добар правник а кој не е добар правник. Тој не бил кодош зашто не давал инфорнмации од идеолошко-политички карактер“ - рече на денешната прес конференција членот на Комисијата за лустрација Чедомир Дамјановски.
Трет пат Дамјановски реагира на петочната одлукана Комисијата за лустрација со која писатело Јаневски беше прогласен за сорабтник на тајните служби.
„Не може основ односно цел на лустрацијата да биде осознавање на вистината на моралот, етиката и вредносите на одредени личности“ - рече Дамјановски
Прес конференцијата ја искористи за да ги оцени како незаконски и антидржавни неколкуте последни одлуки на Комисијата, посветувајќи особено внимание на случајот на Љубомир Фрчковски.
„Фрчковски е лустриран за кодошење на некои таканаречени жртви. Тоа се лица кои сметаат дека македонската држава како самостојна не треба да функционира и лица кои се стремеле на остварување на големобугарските стремежи. Зарем не требало да нареди нивно следење. Ако не го направел тоа ќе строел велепредавство“ - рече Дамјановски
Иако тврдеше дека Комисијата за лустрација работи незаконски на новинарско прашање одговори дека Законот за лустрација предвидува лустрирање на починати поранешни функционери.

 

Инку вчера во одбрна на починатиот академик Славко Јаневски излезе и МАНУ, барајќи од Комисијата да го поништи решението.

најчитано сега