Американец и Бугарин се првата хомосексуална двојка која ќе добие зелена карта
41-годишниот Трајан Попов од Бугарија и неговиот американски сопруг, 55-годишниот Џулијан Марш се првата хомосексуална двојка во САД на која ќе ѝ биде одобрено барање за издавање зелена карта.
Попов, кој моментно е во САД врз основа на студенстка виза, нема да биде во можност да работи или да го посетува семејството во Бугарија уште најмалку шест месеци додека трае процедурата за издавање на зелена карта.
Инаку, парот се венчал само една година откако се запознале.