Почина ќерката на актерот Пирс Броснан
По тригодишна битка со ракот, животот го загуби ќерката на Пирс Броснан, Шарлот, пренесуваат од Пипл.
Актерот им ја соопшти лично тажната вест на обожавателите: - На 28 јуни во 2 часот попладне почина мојата сакана ќерка Шарлот Емили и отиде во вечноста. Ја совлада ракот на јајниците, изјави актерот за Пипл.
Шарлот имаше 41 година и почина во Лондон, а зад себе ги остави сопругот Алекс и двете малолетни деца, 14-годишната ќерка и 8-годишниот син.
Нека почива во мир!