Руски хеликоптер принудно слета во Јакутија - 19 лица го загубија животот

Руски хеликоптер МИ-8 принудно слета по полетувањето на 45 километри северозападно од аеродромот покрај селото Депутатскиј во сибирската република Јакутија, јави ИТАР-ТАСС.

Најмалку 19 лица загинаа денеска во уривањето на хеликоптер Ми-8 во сибирската руска република Јакутија, соопштија воздухопловните власти. 

- Во хеликоптерот имаше тројца членови на екипажот и 25 патници, од кои 11 беа деца, соопшти Комитетот на руската авијација. 

- Хеликоптерот изгоре, 19 лица загинаа, се наведува во соопштението во кое се цитирани зборовите на преживеаните членови на екипажот. 

Хеликоптер принудно слетал по полетувањето на 45 километри северозападно од аеродромот покрај селото Депутатскиј. Според првичните податоци хеликоптерот удрил во рид, откако ја загубил контролата поради тоа што наишол на силни воздушни струења. По ударот избувнал пожар.

најчитано сега