Сноуден прозборе: Можам да откријам уште многу информации!
Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, се огласи по прв пат откако пред осум дена стигна на московскиот аеродром, и тоа преку писмо во кое се изјаснува дека има уште многу информации кои може да ги открие.
Сноуден во писмото вели дека САД незаконски го прогонуваат бидејќи им ја издал тајната за ПРИЗМА, која овозможува следење на електроснката комуникација на најголемите Интернет сајтови.
- Слободен сум сеуште, па можам да откријам уште многу информации. Додека живеам ќе останам посветен на борбата за правда иако живееме во свет кој е преполн со неправда. Се надевам еден ден ќе ми се оствари желбата да живееме во подобар свет, вели Сноуден во писмото.
- САД незаконски ме гони, додава Сноуден.