Меморандум за соработка во земјоделството меѓу Македонија и Словенија
Директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија и Агенцијата на Република Словенија за земјоделски пазари и рурален развој, Билјана Вуковиќ и Бенедикт Јеранко денеска во Љубљана потпишаа Меморандум за соработка во насока на унапредување на заедничката соработка и зајакнување на размената на знаење и искуство во областа на користењето на претпристапните европски фондови за рурален развој.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија соопшти дека договорена е соработка при имплементација на сите заеднички активности и активности за размена на информации, знаење, искуства, консултации, ангажирање стручни лица за потребите на Агенцијата, одржување на обуки и семинари за управување со фондовите на ЕУ и прашања од политиката на ЕУ за рурален развој, со цел што подобро да се подготви целокупниот систем во Македонија за користење на претпристапните средства од ИПАРД фондовите и подоцна фондовите од Европскиот земјоделски фонд за рурален развој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа