ВИДЕО: Руска ракета се распадна во воздух веднаш по лансирањето

Руска ракета носач „Протон-М“, со која во орбитата беа истрелани три навигациски сателити „Глонасс-М“, се распадна во воздух веднаш по нејзиното лансирање од Бајконур и нејзини делови паднаа на земјата недалеку од казахстанскиот космодром, пренесе ИТАР-ТАСС.

Причините за хаваријата се истражуваат, информира руската вселенска агенција „Роскосмос“.

Нема закана за животната средина во Казахстан и луѓето не се евакуираат, соопштија извори од локалните спасувачки служби.

 

 

најчитано сега