Турција гради камп за 55.000 сириски бегалци
Во јужниот дел на Турција се гради голем камп, кој ќе може да прифати до 55.000 сириски бегалци, изјави шефот на владината Агенција за управување со катастрофи (Афад).
Кампот се гради во Килис, во близина на сириско-турската граница. Тој е планиран за нови бегалци, кои ќе ја напуштаат својата земја во случај џихадистите од Исламска држава (ИД) да напредуваат кон турската граница од покраината Алеп.
Од почетокот на судирите меѓу бунтовниците и провладините сили на претседателот Башар ал Асад во април 201 година, од Сирија побегнале повеќе од 1,8 милиони лица, кои се засолниле во Турција. Досега во 25 кампови во Турција престојуваат 278.000 бегалци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа