ВИДЕО: Најголеми протести во историјата на Египет - 18 лица загинаа 610 се повредени
Египетски демонстранти синоќа го нападнаа седиштето на движењето Муслиманско братство во Каиро.
Инаку, ова се најголемите протести во историјата на Египет, а досега загинаа 18, а повредени се 610 лица.
Синоќа избувнаа судири меѓу вооружени поддржувачи на Морси, кои се наоѓаа во зградата на движењето, и млади демонстранти кои фрлаа со камења и молотови коктели кон седиштето.
Целта на протестите е да има предвремени избори во Египет.