Едвард Сноуден побарал политички азил од 21 земја

Поранешниот консултант на американското разузнавање Едвард Сноуден испратил молби за политички азил во 21 држава, меѓу кои Русија, Исланд, Еквадор, Куба, Венецуела, Бразил, Индија, Кина, Германија и Франција, соопшти сајтот Викиликс, цитиран од француските медиуми.

Молбите од името на Сноуден ги врачила Сара Харисон, британска службеничка во Викиликс, која на 23 јуни му се придружи на Сноуден при неговото патување од Хонг Конг до Москва. Таа синоќа на аеродромот Шеремтјево ги предала молбите на службеник на рускиот конзулат, кој ќе ги однесе во соодветните амбасади во Москва.

Во документите се подвлекува ризикот од кривично гонење на Сноуден во САД.

Молби за азил се упатени, исто така, и до Австрија, Боливија, Финска, Италија, Ирска, Холандија, Никарагва, Норвешка, Полска, Шпанија и Швајцарија, сооопшти Викиликс.

Во две од земјите: Исланд и Еквадор, молбите за азил повтроно се упатуваат.

Сноуден вчера го обвини претседателот на САД, Барак Обама, дека врши притисок врз шефовите на земјите од кои побарал азил, и посебно врз Еквадор. 

најчитано сега