Панама: Запленети 1,5 тони кокаин вреден 242 милиони долари

 

Службите на царинската погранична заштита на САД известила дека нејзиниот извидувачки авион P-3 за време на патролата над морето кај престолнината Панама во саботата забележала глисер со четворица осомничени, натоварен со буриња со гориво и пакети.

Екипата од авионот ги известиле панамските власти и со три панамски пресретнувачи го пронајдоа глисерот. Бурињата биле наполнети со повеќе од еден тон кокаин, чија вредност се проценува поголема од 242 милиони долари. Глисерот застанал откако панамските власти испалиле неколку предупредувачки ракети. Осомничените шверцери кои се државјани на Колумбија, биле уапсени, а чамецот бил запленет.

 

најчитано сега