Измерени рекордни 40.3 степени во Германија
Германија неколку дена е зафатена од топлотен бран, а вчера во баварскиот град Кицинген измерени се рекордни 40,3 Целзиусови степени, соопшти Германската метеоролошка служба.
Тоа е највисока температура на воздухот забележена во Германија од 1881 година, откако се водат метеоролошки податоци. Досегашниот рекорд беше 40,2 степени.
Од денеска Германија се наоѓа под „студен“ бран и температурите се движат од 25 степени во северниот дел од земјата до 34 во јужниот дел
Оцени ја веста
06.07.2015 - 12:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа