ВИДЕО: Ален Хасановиќ настапи во дует со Лепа Брена

 

Потенцијалниот победник во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ во вчерашната специјална емисија отпеа дует со Лепа Брена.

Имено, во неделата (05 јули) се емитуваше специјална емисија во која натпреварувачите од „Ѕвездите на Гранд“ пееја во дует со најголемите балкански ѕвезди, а нашиот Ален Хасановиќ ја имаше честа да настапи во дует со единствената Лепа Брена.

Хасановиќ во дует со Лепа Брена ја отпеа „Један дан живота“, а потоа во придружба на Ана Бекута ја изведе „Треба времена“.

На 12 јули во Арена Борис Трајковски во Скопје ќе се одржи големото супер финале на „Ѕвездите на Гранд“.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега