По масовното „НЕ" Самарас си поднесе оставка

 

Лидерот на главната опозициска партија во Грција, Нова демократија, поранешниот премиер Андонис Самарас, синоќа поднесе оставка од функцијата по масовното „не“ на предлозите на кредиторите на вчерашниот референдум, соопштија светските агенции.

-Сфаќам дека нашата партија има потреба од нов почеток. Денеска поднесувам оставка од раководството на Нова демократија, изјави Самарас во телевизиското обраќање.

Самарас беше премиер во шпицот на кризата, од јуни 2012 до јануари 2015 година, кога беше победен од актуелниот премиер Алексис Ципрас.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега