Манчестер Сити ќе руши рекорди

 

Манчестер Сити во саботата доби известување дека нема да биде казнет од УЕФА за кршење на фер-плејот, па тоа беше зелено светло сериознo да се вклучи на трансфер пазарот.

Според информациите од Англија „Граѓаните“  летово планираат да ангажираат тројца млади фудбалери, а за таа цел ќе им треба една „вреќа“ со пари.

Првиот играч е фудбалерот за врска на Јувентус, Пол Погба за кого е заинтересирана и Барселона. Пред извесно време италијанскиот шампион одби 80 милиони евра од Каталонците, но Манчестер Сити е подготвен да понуди 100 милиони евра.

Останува да се види како ќе реагира Јуве, а доколку се реализира зделката тоа ќе биде рекорд во Премиер лигата.

Манчестер Сити во своите редови ги посакува Де Брујн од Волфсбург и Рахим Стерлинг од Ливерпул.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега