Уште едно скопско училиште мета на крадци - направена штета од 80.000 денари

Вчера уште едно училиште во Скопје било мета на крадци.

Се работи за  основното училиште  „Рајко Жинзифов“  лоцирано  на улицата „Методија Митевски“ каде непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол и извршил тешка кражба одземајќи околу 4.000 денари и три лап-топ компјутери.

Со тоа крадецот причинил материјална штета од 80.000 денари.

Полицијата трага по сторителот.

најчитано сега