ФОТО: Последната порака на бостанскиот бомбаш

 

Светските медиуми ја пренесоа последната порака на бостонскиот бомбаш, која ја напишал пред да биде фатен од полициајта.

На неа пишувало: Не го сторив тоа. Ме наместија. Татко те молам прости ми. Извини што дојде до ова“.

И неговиот татко изјави дека неговите синови биле наместени, а неговата мајка обвини дека ФБИ некое време, речиси пет години го следела нејзиниот постар син и оттука е невозможно, а да не знаеле дека нејзините деца го планирале нападот. 

Состојбата е драстично подобрена на 19 годишниот Џохар Царнаев, кој бил обвинет за учество во терористичкиот чин за време на Бостонскиот маратон.

Царнаев, поради раната во вратот можел да изговори само збор, а на прелиминарно сослушување во болница комуницирал со климање на главата и  успеал да изговори само „не” кога судијката го прашала може ли да си дозволи адвокат.

најчитано сега