Измени: Казни за лекарите кои ќе доцнат на закажан термин

Лекарите почнувале со работа кога сакаат, пациентите со часови чекале во ходник. Во јуни  31 специјалист повеќе од два пати задоцнил повеќе од еден час на првиот закажан преглед.  Најмногу се од болниците во  Гостивар, Битола и Охрид. Министерот Тодоров реши да ги заостри критериумите за здравствените работници кои не го почитуваат времето на болниот. Ако до сега бараа одговорност од оние кои повеќе од три пати месечно  доцнат во ординација, сега после вториот пат ќе бидат казнувани. Оваа мерка ќе важи од јули, пишува Здравство 24

- списокот со докторите кои доцнеле 2 пати или повеќе од 2 пати еден или повеќе од еден час во текот на месецот, ќе ги доставиме до директорите на ЈЗУ, со задолжение за директорот да им укаже на докторите дека се следи оваа нивна активност и да побара да го корегираат начинот на функционирање.
Целта е со заострување на критериумите дополнително да ја редуцираме појавата која негативно се одразува врз целиот здравствен систем, односно ги засега пациентите кои се оставени околу еден час да го чекаат докторот за преглед, а негативно се одразува и врз ефикасноста на работа на докторот, изјави Никола Тодоров министер за здравство.
Од пред една година кога министерството почна да ја следи оваа состојба, имаше дури 162-ца доктори кои  доцнеле на првите прегледи. Сега бројката е за 15 пати помала.  Подобрена е и одговорноста на пациентите кои навреме ги откажуваат прегледите во Мој Термин со што ослободуваат простор за други болни. Минатиот месец биле откажани над 25.000 термини.

- Со примената на овие две мерки, односно со доследното почитување на закажаните термини од страна на пациентите и од страна на докторите ќе придонесеме системот МојТермин да функционира беспрекорно, а воедно ќе придонесеме кон подобро функционирање на целиот здравствен систем, изјави Тодоров.

Согласно процедурите, тим од МојТермин редовно испраќа СМС-пораки до пациентите со потсетување за закажаните термини.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега