Доаѓа вистинското лето - од понеделник пекол

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Попладне и во вечерните часови во крајните источни и југоисточни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени,  а дневната од 24 до 33 степена.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8. Следува период на претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен северен ветер. Значително потопло ќе биде од понеделник кога дневната температура на повеќето места ќе надминува 30 Целзиусови степени.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега