Што ќе се случува со времето утре?
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Попладне и во вечерните часови во крајните источни и југоисточни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната од 24 до 33 степена.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Следува период на претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен северен ветер. Значително потопло ќе биде од понеделник кога дневната температура на повеќето места ќе надминува 30 Целзиусови степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа