ВМРО-ДПМНЕ: Не очекувавме ништо подобро од Тито Петковски знаејќи ја неговата историја

        

  Секој политичар, па и Тито Петковски треба да ја говори вистината и да биде спремен да сноси одговорност за својте јавно искажани ставови или тврдења.

          Изјавите на Тито Петковски ниту се пишувани од ВМРО-ДПМНЕ ниту му се сугерирани од ВМРО-ДПМНЕ туку, претпоставуваме дека се лично тврдење или став на господинот Петковски. Ако тој е сигурен во своите изјави и тврдења и ако не ја лажел јавноста нема зошто да се плаши од можноста да ги докаже истите во предвидена законска постапка. Неговата денешна реакција ја разбираме само како одраз на свеста на Петковски дека неговите ставови не се ниту вистина не се ниту прифатени од мнозинството на граѓани на Република Македонија, тој е свесен за тоа. Впрочем, тој е единствениот пратеник во македонското Собрание што на седница на Собранието побарал промена на државното име на Република Македонија.

 

          Тито Петковски е еден од предводниците и гласноговорниците на опозицијата токму на оваа тема за спорот со Грција. Знаејќи ја неговата историја на ставови и неговите лични врски ние од него никогаш и не очекуваме поодговорен пристап, но јавноста ја заслужува вистината.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега