Камерон: Влезот на Хрватска во ЕУ има силен ефект врз демократијата во Западен Балкан

 

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека влегувањето на Хрватска како полноправен член на ЕУ и отворањето на пристапни разговори со Србија има извонреден ефект врз поткрепата на демократијата во регионот на Западен Балкан.

Британскиот премиер, кој е во работна посета на Казакстан, зборуваше денеска пред студентите на државниот Универзитет во Астана за ЕУ и за нејзините идни стратешки насоки. Според Камерон, покрај ширењето кон југот на Европа и Западниот Балкан, Унијата сега треба да се сврти и кон Истокот, зад веќе примените балтички земји.

- Ние (Велика Британија) уште од почетокот го поддржуваме процесот на проширување на ЕУ и тоа го бараме и сега, залагајќи се тој процес да продолжи и понатаму, изјави во Астана британскиот премиер Дејвид Камерон.

најчитано сега