Словенија: Црна Гора подготвена за членство во НАТО

Словенија смета дека Црна Гора е подготвена да стане полноправна членка на НАТО на првиот нареден самит за проширување на Алијансата, беше соопштено денеска по разговорите на министрите за одбрана на двете држави.

– Словенија ја гледа Црна Гора како најподготвена држава што треба да стане 29-та членка на НАТО, изјави Роман Јакиќ, министер за одбрана на Словенија.

– Словенија секогаш беше подготвена да ни помогне на тој пат и ние и заблагодаруваме, изјави министерката за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ Ѓуришиќ.

најчитано сега