Жерновски најавува поевтина струја во Центар

 

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и директорот на „Хабитат“ Македонија  Зоран Костов денеска потпишаа  Меморандум за обновување на фасадите.

Од Општина Центар информираат дека на јавниот повик се пријавиле 32 колективни станбени згради кои обезбедиле прелиминарна согласност за промена на прозорците и балконските  врати од најмалку 70 отсто од сопствениците. Во првата фаза ќе се менуваат фасадите на 15 објекти. Ќе се задржи првобитниот облик на фасадите, освежен со нови бои, без притоа да се менува нивниот надворешен изглед. Оние згради кои не влегуваат во оваа бројка, автоматски конкурираат за наредната година.

- Од буџетот на општина Центар за оваа намена ќе се потрошат 11 милиони денари. По реконструкцијата, заштедата ќе биде 1/3 од сметките за греење, рече Жерновски.

Костов посочи дека со овој проект се заштедува енергија од 25 до 39 отсто.

- Соработката со Центар особено ја цениме, бидејќи кај нив, кај новиот градоначалник, препознавме концепт за енергетска ефикасност. Ова е значајно за енергетскиот биланс на земјата. Во Македонија има 11.000 станбени згради, одамна изградена и без енергетска ефикасност. Со ваков проект може да се обезбеди инвестициски циклус од 300 до 400 милиони евра. Ќе има можност за „зелени“ работни места, што ќе значи и намалување на бројот на невработените, рече Костов.

Во рамки на реализацијата на проектот, општина Центар самостојно презема обврска со свои средства да изврши реконструкција на фасадите на избраните станбени згради. За таа цел, специјализиран изведувач избран од страна на општина Центар, ќе постави фасада со термичка изолација на зградата, согласно постоечките стандарди за енергетска ефикасност на станбените згради.

најчитано сега