Сите излози исти во Старата скопска чаршија - погледнете како ќе изгледаат

 

На јавниот повик за избор на идејно решение за изгледот на излозите и рекламите во Старата чаршија, Министерството за економија добило само две понуди. За нив се доделени  втора и трета награда. Набргу се очекува да се објави конкурс за изработка на главен проект.

Втората награда ја добила фирмата „Фајнарт мултимедија“ која има идејно решение за излог за златарница, а третата е за фирмата „БИМС компани ДООЕЛ“.

stara-carsija11

stara-carsija12

Според проектот, шаренилото на излозите ќе биде заменети со унифицирани излози за златарите, за угостителите и за другите занаетчии. Реализацијата на проектот ќе се одвива во соработка со Општината Чаир, Градот Скопје и Министерството за култура, кое е надлежно за зачувување на традицијата, духот и културата на Старата чаршија.

Ова идеја ќе продолжи да се применува и во чаршиите во другите градови низ земјава.

 
 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега