ВИДЕО: Среде јуни вее снег на Шар Планина

Метеопро  објави видео за нова снежна покривка на Шар Планина. Специјализираниот портал за временска прогноза, посочува дека снегот паднал ноќта помеѓу 26 и 27 јуни на надморска височина над 2650 метри. Снимките се од планинарското друштво Агентус Маунт од Тетово, од каде велат дека видеото е снимено под самиот врв на Шар Планина, Титов Врв, висок 2747 метри. Кулата на самиот врв во педесеттите години од минатиот век служела и како метеоролошка станица.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега