Важна вест за сите возачи

Сообраќајот на патниот правец Струмица - с. Куклиш кој беше во прекин поради сообраќајна незгода е нормализиран за сите видови возила.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е целосно затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

АД Бетон изведува градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец е затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси се одвива преку с. Леуново.

Теренските активности на патниот правец Превалец (Кочани) - Делчево продолжуваат да се одвиваат до 09.07.2015. Работите се изведуваат од 06.00 до 19.00 часот.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и

- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега