Лустрациска остана на ставот дека Славко Јаневски бил кодош

По големиот број реакции во јавноста, комисијата за лустрација денеска одржа вонредна седница, за уште еднаш да го испита решението донесено во петокот со кое поранешниот академик, писателот Славко Јаневски беше прогласен за соработнмик на тајните служби.

И по денешната расправа, членовите на Лустрациска останаа на ставот дека Јаневски соработувал со тајните служби и давал информации за својите колеги од браншата.

„Комисијата за верификација на фактите, со сиот респект кон личностите и институтциите кои реагираа во јавноста, цени дека нивните ставови се без познавање на фактите и поради тоа, ги отфрла како неаргументирани“м изјави Предраг Димитровски, портпарол на Комисијата.

ОДлуката на денешната седница била донесена со само еден глас против. Чедомир Дамјановски и овој пат се спротивставил на ваквото решение. 

„Денеска ги разгледав документите и тврдам дека, починатиот академик немал соработка со службите од идеолошко политичка природа. Тој давал изјави ља одредени вредности на своите колеги“, изјави Чедомир Дамјановски за медиумите.

Денеска се одржа и седница на МАНУ, на која, според неофицијалните информации, е донесена одлука да се побара од лкустраторите да го поништат решението за Јаневски. Оттаму се очекува писмено соопштение.

најчитано сега