Да не ви се верува: Меси бегал од училиште а Балотели бил добро дете
На јавноста веќе и е познато дека Балотели или уште познат како Супер Марио, каде и да се појави предизвикува проблеми и скандали, но тоа не било отсекогаш така.
Според пишувањата на кориере де ла спорт напаѓачот на Милан додека бил дете бил многу мирен и повлечен, а во една прилика ја покажал својата хуманост кога спасил 87-годишна старица која се онесвестила, а токму Балотели бил тој кој и дал прва помош и и го спасил животот.
Од друга страна, најдобриот фудбалер на денешницата Меси, додека бил дете бил непослушен и правел проблеми, а не сакал ни да оди на училиште.
Неговата мајка за него вели дека не сакал да учи и дури еднаш ја гаѓал со камења бидејќи таа го носела на училиште, а тој сакал да седи дома. Потоа се заканувал дека нема да се врати дома ако го однесат на училиште.